Превртен автомобил во Вардар – пожарникари и нуркачи на МВР го извлекуваат од реката

Се уште нема официјални информации дали во автомобилот имало луѓе.

Според информациите од страна на случајни минувачи, возилото најверојатно било празно и паркирано на кејот кај пешачкиот мост во близина на болницата Аџибадем Систина, пред да се преврти во реката.

Настанот е пријавен во полиција во 8 часот утрината од страна на случаен минувач.

Во овие моменти, екипи на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР поставуваат сајли за извлекување на возилото.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ