
Македонија два месеца во полициски час
Точно два месеца Македонија живее со полициски час. Откако ги „преживеаја“ двата продолжени карантини, во најава е трет, во очи најголемиот муслимански празник Рамазан Бајрам и празникот на словенските просветители Свети Кирил и Методиј, кој се паѓа в понеделник . Здравствените власти беа децидни дека ова е последен обид да се намали бројот на заразени од корана вирусот. Граѓаните поделени во реакциите.
Дел од Чаирчани сметат дека за празникот не треба да има полициски час, дел пак мислат дека е подобро е да седат дома.
И на другата страна од Вардар со различни мислење за продолжениот полицски час.
Времето за носење одлука на Владата тече, до сабота има само уште два дена па неизвесно е дали за престојниот викенд ќе имаме сценарио слично како она во Куманово пред месец и половина кога Кумановци дека ќе бидат заклучени цел викенд дознаа само два часа пред да бидат затворени во своите домови, па едвај успеаа да набават храна и намирници.
Теодора Цветковска