
Нема одлука за продолжен полициски час
Никој не знае колку ќе трае полицискиот час за престојниот викенд. Додека Исламската верска заедница донесе мерки за однесување на верниците за време на Фитр Бајрам, Владата се уште тактизира за полицискиот час. Не се знае дали престојниот викенд ќе има карантин од сабота до вторник како што предложи комисијата од Министерството за здравство или пак ќе се најде друго решение. Од ИВЗ за сега не сакаат да коментираат се додека Владата не го донесе конечното решение. Тие денеска испратија само соопштение до медиумите во кое се вели дека џамиите ќе бидат отворени под посебни мерки, но и само ги повикуваат верниците да ги намалат посетите кај роднините не и да ги прекинат.
– Сабах намаз да се обавува дома
– Намазот на Фитр Бајрам да не биде подолго од 15 минути;
– Максимално да се избегнат поздравите со физички контакт;
– Откажување од посета на гробишта;
– За време на Фитр Бајрам, традиционалните посети треба да бидат што е можно помалку;
– Дезинфекција на џамии, задолжително носење маска; и чистење раце со средство за дезинфекција при влезот во џамијата или да се носи ракавици;
– Секој верник треба да има лично сеџаде;
– Што повеќе да се користат дворовите на џамиите за обавување на молитвите;
– Меѓу верниците да се запази физичката дистанца колку што е можно повеќе;
– Забрането е престој во групи пред или по обавување на молитвите во џамијата;
– Абдест да се зема дома – абдесхањата и тоалетите ќе бидат затворени.
Од друга страна Владата се уште не закажала ниту седница на која ќе одлучува по предлогот на комисијата од здравство полицискиот час да започне од 19 часота во сабота и да трае до 5 часот. Од таму не сакаат да ги коменитраат шпекулациите дека можеби и овој продолжен викенд полицикиот час би бил по примерот како што беше за први мај сите три денови луѓето да можат да се движат до 14 часот. Велат дека не се калкулира со термините се додека не се закаже седницата на која ќе се одлучува. Инаку ако денеска не се донесе одлука тоа ќе значи дека ден утре е последниот ден за неа истиот кога граѓаните би можеле да се подготват за подолг карантин. Вчера Реисот Сулејман Реџепи со писмо до Владата се закани дека ако се воведе полициски час цел викенд тогаш ќе ја изгуби довербата од сите веници од исламската вероисповед и тоа токму пред одржување на парламентарните избори. Во денешното соопштени е се вели дека тој ја откажал централната манифестација за Фитр Бајрам.
Билјана Николовска