ИВЗ уште пред два дена најавила дека нема да го почитува најавениот полициски час за Рамазан Бајрам

Исламската верска заедница уште пред два дена до владата и комисијата за заразни болести испратила писмо во кое се заканува дека нема да го почитува евентуалниот полициски час за верскиот празник Рамазан Бајрам, ниту пак има намера да ги откаже молитвите на верниците во џамиите.

Писмото вечерва на фејсбук го објави и реисот Сулејман Реџепи, само на албански јазик и без превод на македонски.

Реисот Реџепи гарантира и дека ќе се почитуваат препораките за растојание при клањање на верниците.

Обелоденувањето на планот на ИВЗ следува откако денеска министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека комисијата за заразни болести, од чии препораки зависи и политиката на владата во справувањето со пандемијата корона вирус, ќе препорача полицискиот час за престојниот продолжен викенд, во текот на кој покрај Рамазан Бајрам во Недела, во понеделник ќе се празнува и Свети Кирил и Методиј, да трае од сабота во 19 часот до вторник во 5 часот наутро.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ