Расте бројот на заболени полицајци од ЕБР, заедно со војници чувале карантин со повратници од странство-не се знае како се заразиле

Бројката на заразени полицајци од Единицата за брзо распоредување се искачи на 7, а директорката на здравствениот инспекторат Ирина Бухова соопшти дека се вршат епидемиолошки анкети за да се открие како се заразиле полицајците. Припадниците на ЕБР биле во Охрид на задача заедно со припадници на АРМ, каде ги обезбедувале хотелите каде има карантин за граѓани вратени од странство. Полициското одмаралиште каде престојувале војниците и полицајците е затворено.

Вицепремиерката Радмила Шекеринска вчера изјави дека четворица од заразените биле на прославата на Денот на полицијата, а министерот Наќе Чулев негираше дека полицајците тогаш биле сомнителни на КОВИД-19.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ