Во последното деноноќие 52 лица не го почитувале полицискиот час

Во последното деноноќие 52 лица на ниво на целата држава не ја почитувале забраната за движење, соопштија од МВР. Приведени се 39 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат мерки. Од МВР известуваат дека регистрирале 33 прекршоци и по однос на мерката за неносење лична заштитна опрема за лицето.

Во последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на вкупно 34 лица им се издадени решенија за изолација, а 16 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ