“Антикоцкање” обвинува: Со воведувањето онлајн обложување, владата стимулира коцкање во време на пандемија

Министерството за финансии, по задолжение на Владата, треба да најде начин како да се спречи противзаконското учество на македонските граѓани во странски игри на среќа и како да се следат паричните приливи до граѓаните стекнати по овој основ.

Досега според проценките на Асоцијацијата на спортски обложувалници, на годишно ниво 40-50 милиони евра се одлеваат кај странските приредувачи, кои не се лиценцирани во нашата држава.

Од таму велат дека доколку има правна рамка, како што е најавено, тоа ќе придонесе да се надмине проблемот со нелегалната конкуренција.

Откако одреден период беа затворени, од неодамна спортските обложувалници започнаа со работа, но според мерките на Владата истите треба да се придржуваат до здравствените протоколи за заштита.

Деновиве започна и организирањето на игри на среќа преку интернет, со владината Уредба.

Од Здружението “Антикоцкање”, пак, реагираат дека со воведувањето на онлајн обложување, начинот на играње сега дури е удвоен и дека Владата стимулира коцкање во време на пандемија.

Во однос на барањето од Владата како да се спречи одлевањето на паричните средства во странските интернет игри на среќа од Министерството за финансии велат дека формирана е работна група која работи на решенија преку користење на расположливите технологии да се реши ова прашање, за јавноста ќе се извести навремено.

Данијела Билбилоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ