
Втор пациент заболен од КОВИД 19 се извлече од респираторна машина
По 12 дена на вештачка вентилација уште еден пациент се ослободи од респираторна машина. Станува збор за 45 годишен пациент кој бил хоспитализиран на 5 мај во тешка состојба поради Корона вирусот, денови во кои постојано бил одржауван во полусвесна состојба борејќи се за живот. Стручниот тим на „8 Септември“ каде во моментов се 20 суспектни пациенти, 12 докажани со Ковид 19 , 6 се на респиратор барем за миг може да се израдува на вакиов успех во борбата со Ковид 19.
Во тимската работа на сите вработени е клучниот одговор за опоравувањето на пациентите, вклучувајќи го и случајот на 37 годишниот пациент кој во истата болница се опорави од респираторна машина, вели доктор Лилјана Малиновска- Николовска.
Пациентите кај нас се лекувани на оделението за Интензивна нега и за нив се грижат тим на анстезиолози, инфектолози, интернисти и медицински сестри и техничари. Анестезиолозите се најмногу присутни со овие пациенти и најмогу работат со нив, но инфектолозите имаат и те како свој придонес со интернистите затоа е неблагодарно да се издвои било кој од тимот. – Maлиновска – Николовска
Во меѓувреме седум пациенти со Ковид 19 на Инфективната клиника примиле крвна плазма. Пет се излекувани.
Нина Стефанова