Од 1 јуни Македонците можат да влезат во Србија без обврска за негативен тест за Ковид 19

Од 1 јуни државјаните на Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија ќе можат да влезат во Србија без обврска да имаат негатвен тест за КОВИД 19. Ова денеска го изјави премиерката Ана Брнабиќ, која истакна дека ќе настојува да го либерализира влезот во Србија што е можно повеќе, со цел е да се постигне што е можно поскоро целосно економско закрепнување и раст.

-За државјаните на овие земји нема потреба од овие тестови, тие ќе влегуваат во Србија како и пред појават на Ковид-19, изјави српската премиерка.

За странците од другите земји засега и понатаму останува во сила обврската да имаат валиден негативен ПЦР тест на коронавирус и одобрување на владина комисија при преминување на границата, изјави Брнабиќ, додавајќи дека странските државјани, доколку се особено важни за српската економија, можат да влезат и без негативен ПЦР тест.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ