
Мицкоски на лидерската предложил избори на крајот на летото, дознава Телма
Лидерот на опозиционата ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на лидерската кај претседателот Пендаровски предложил избори на крајот на летото, дознава Телма.
Ставот на Мицковски бил дека така би било најбезбедно и би де се добила реална слика за состојбата со Ковид – 19, би се избегнал вториот бран, а ДИК би имале време за подготовки.
Тој ги оспорувал извештаите на Комисијата и ОБСЕ ОДИХР дека не се гаранција за безбедни избори.
Партиските лидери од денеска на пладне се на нова средба кај претседателот Пендаровски.
За само една недела ова е втора лидерска средба на која главна тема е датумот за одржување на предвремени парламентарни избори.
Опозицијата и власта се разидуваат во мислењата, додека едните сметаат дека државата не може да функционира без парламент и дека се потребни брзи избори, другите се на ставот дека пред се во услови на пандемија од ковид-19 треба да се води сметка за здравјето на луѓето.