
Тинејџер шверцувал осум Пакистанци, бегал од полиција, предизвикал сообраќајка и се сокрил во училишен двор
Осумнаесетгодишно момче од струмичкото село Иловица е уапсено во Куманово заедно со десет години постар жител на Василево, откако со својот фолксваген пасат удрил во друг автомобил на влезот во Куманово бегајќи пред полицијата.
Инцидентот се случил пред два дена кога полицајци од одделот за гранични работи и миграции при Граничен премин Табановце се обиделе да сопрат возило на автопатот во близина на Куманово.
Автомобилот пасат не застанал и полицијата почнала да го гони. Тој на влезот на Куманово удрил во друг автомобил.
Возачот и придружникот избегале, но во колата останале осум мигранти од Пакистан сокриени во гепекеот и на задните седишта.
Полицијата набргу ги нашла двајцата криумчари на мигранти, 18-годишниот возач и неговиот придружник се сокриле во двор на училиште во Куманово.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет за двајцата против кои полицијата поднесе кривични пријави за дело криумчарење мигранти.