
Познат бројот на слободни места за упис во тетовските училишта
Во тетовските училишта за првоодделенци има 1.739 слободни места, додека за во прва година средно образование вкупно 3.600, информра општинскиот Сектор за јавни дејности во насока на подготовка за упис на првачиња и средношколците.
Согласно владината одлука поради состојбата со коронавирусот, запишувањето на децата во градинки и во прво одделение наместо досегашната практика во мај се поместува во јуни. Владата на крајот на април одлучи рокот за запишување да биде и подолг па наместо еден месец, ќе трае 45 дена, од 1 јуни до 15 јули.
Минатата година во трите уписни рокови во средните училишта во Тетово се запишани 1.315 ученици, од кои 993 на албански наставен јазик, 297 на македонски и 25 на турски.
Исто како за првачињата и уписите во градинките ќе започнат во текот на јуни. За средношколците уписите се во трите уписни рокови во јуни 16 и 17 јуни, 24 и 25 јуни и 29 јуни.