Струмичкото обвинителство со кривични пријави за 35 лица за непочитување на полицискиот час

Постапувајќи по кривичните пријави, Основното јавно обвинителство – Струмица, во текот на денешниот ден поднело 30 предлози за издавање на казнени налози со кои се опфатени 35 лица. Лицата во периодот од 05.04. до 21.04.2020 година не ја почитувале забраната за движење за време на полицисиот час и се движеле надвор од своите домови, со што сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на пандемија, а предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предложи на судот да ги огласи за виновни и да им изрече парична казна од 50 дневни глоби при што висината на дневната глоба да изнесува 10 евра во денарска противвредност.​

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ