Uncategorized Продолжен рокот на дозволите за престој на странци до 31 август
Им се продолжува периодот за престој до 31 август оваа година на странците во земјава на кои за време на вонредната состојба им истекол краткорочен престој или виза за краткорочен престој, информираат од МВР. Исто така, се продолжува рокот на важноста на дозволите за привремен престој и на дозволите за постојан престој, чиј рок на важност истекол или истакува за време на вонредна состојба. И во овој случај, важноста на дозволите за престој се продолжува и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година. Уредбата ви е достапна во прилог на соопштението. Донесена е нова Уредба со законска сила за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба, како и за периодот по престанокот на вонредната состојба. Наведениот пропис претставува дополнување на Уредбата со законска сила донесена на 20.03.2020 година.
Од МВР притоа им укажуваат на странците дека во наредните месеци очекуваме постепено нормализирање на состојбите, отварање на граничните премини и враќање во функција на сите видови патнички сообраќај и поради тоа да го следат развојот на ситуацијата и доколку се создадат условите за патување во овој период, да пристапат кон постапки за регулирање престој, согласно одредбите од Законот за странци.



