Деца со симптоми слични на Кавасаки синдромот се лекувале и на детската клиника

Дали станува збор за Кавасаки синдромот кај двете деца кои биле со осип на телото завршиле на Клиниката за детски болести ќе покажат серолошките тестирања кои треба се направат. Децата кои минатиот месеца се прегледани и сега се дома. Сепак во едно немам дилема дека е манифестација која наликува на Кавасаки болеста вели доктор Софијанова. Во интензивната комуникација со своите колеги во светски рамки тие дошле до слични сознанија.

  • Допрва ќе видиме што ќе биде тоа на глобално ниво бидејќи јас ги пријавив овие два случаи и дури на една слика која им ја пратив тие рекоа „ Личи на Кавасаки“. Што значи докажувањето ќе дојде понатаму. Но нивното укажување е дека и позитивни се со ПЦР и серологијата им е позитивна што значи развиле антитела на овој вирус. Тогаш кажуваме дека децата го поминале овој вирус со манифестирање кое било многу слично како Кавасаки болеста опишана во литературата, вели д- р д-р Аспазија Софијанова, специјалист педијатар – неонатолог

Мистериозната болест која ги напаѓа децата меѓу 5 и 15 години во Европа и во САД  ја натера Светската здравствена организација да ги повика лекарите на голема претпазливост за подобро детектирање на овој синдром кај децата кој во некулку случаи беше и смртоносен.

  • Знаете како тие изреагираа дека децата можат да бидат со многу јак инфламаторен одговор  дури и мулти органско засегање за кое мора да бидеме спремни ние на интензивна и имаме поагресивен пристап кон тоа, вели доктор Софијанова.

Како веќе од другите земји каде што пулот на деца е многу поголем и покажуваат вакви слични манифестации кои ние многу ретко ги гледаме укажа на тоа дека очигледно Ковид 19 кај децата не се манифестира како кај возрасните со респираторна патологија, туку со гастроентестилани проблеми обично со стомачни болки, некогаш знае да направи и дијареа и потоа вирусот како таков со опшката негова со исфрлање по кожата она што го видовме и ние кај нашите две деца.

Се повеќе расте бројот на деца во Италија, Франција, Велика Британија и Шпанија кај кои симптомите наликуваат на Кавасаки заболувањето. Во некои извештаи се претпоставува дека синдромот сличен на Кавасаки заболување може да биде поврзан со Ковид 19.

Нина Стефанова

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ