
Десковска: Моментот во кој е укинат законот за спречување на дискриминација е многу неповолен
Моментот во кој е укинат законот за спречување на дискриминација е многу неповолен вели министерката за правда Рената Десковска потенцирајки ја важноста на законот но смета дека дискриминираните граѓани правата може да ги бараат врз основа на уставот и европската коненција. Уствен го укин зкаонот во време кога нема парламент и дури една огдина по поднесената иницијатива а престасдателот на уставен Сали Мурати се правда тврди дека не можел да го чува предметот кој бил зрел за одлучлучвање. Сепак потнецира дека тој гласал против. Подносителот на иницијативата пред уставен екс претседатлеот на комисијата за дискриминација Даштевски пак смета дека треба да бидат вратен и на работа членовите на комисијата.
Иницијативата со која се спори дека законот за спречување на диксриминација не бил изгласан со потребното мнозинство е поднесена уште пред една година. Членовите на поранешната комисијата за спрчеување на дискриминација претставката ја поднеле во втората половина на мај, потврди за Телма екс претседателот на комисијата Александар Даштевски. 9 месеци подоцна на крајот од јануари годинава уставен ја става на дневен ред иницијативата и одлучува да поведе постапка за оцеднување на законот кој неделава беше укинат, во време кога собранието е рапсуштено.
Зошто уставен токму сега одлучи да го укине законот и ги остави маргинализираните и ранливи граѓани без законска заштита , претседателот на Уставен Сали Мурати, кој го утврдува дневниот ред за седници, во телефонски разговор за Телма вели дека не можел бескрајно долго да го чува предметот
Сали Мурати, претседател на Уставен суд:
Предметот веќе беше доставен за одлучување, чекав некое време но не можев да го чувам бесконечно долго, морав да го ставам на дневен ред. Јас сум единствениот судија што беше против укинувањето и ќе напишам издвоено мислење. 30 и неколку закони во Собранието се донесени на овој начин.
Министерката за правда Десковска не сака да коментира одлуки на уставен, причините за носење на одлуката не ги спори, но смета дека е донесена во лош момент. Оваа неповолна состојба не треба да ги обесхрабрува дискриминирнаите граѓани, иако нема закон граѓаните можат да тужат и да бараат права врз основа на усавот и европската конвенција, смета Десковска.
Даштевски кој наброја повеке забелешки за процедурата во која се носел законот во Собранието вели клучна повреда на Уставот е тоа што не ја добил потребна поддршка. Сепак според него сега проблем тоа што законот е укинат а не поништен и бара да се врати на работа со членовите на комисијата.
Вчера следеа остри рекации од невладините кои вината за тоа што законот не бил донесен со потребно мнозинство ја лоцитаа кај собранискиот спикер но и шефот на државата, кој го потшишал указот. Пендаровски вчера објаснуваше дека немал право да одбие да го потшише, бидејки по втор пат ист закон дошол за претседателски потпис, откако првиот пат Иванов не го потпишал. Од кабинетот на претседателот на Собранието Џафери не добивме одговор.
Елена Ивановска