Во прилепската населба Тризла 7 позитвни на коронавирусот

Саботно раздвижено претпладне  во прилепската населба Тризла. Жителите ги извршуваа секојдневните обврски. Повеќето  не сакаа јавно да зборуваат пред камера.  Лути се и старвуваат  од дискриминација, па трпи нивната работа, иако, велат  од речиси 200 случаи во Прилеп, во ромската населба  има само 7 позитвни на коронавирусот.

-Ни велат бегај, бегај, не знам што му значи тоа, вели еден жител од Тризла.

Некои со маски, други без нив. Велат дека и покрај тешките услови во кои живеат се заштитуваат колку што можат.

 -Многу се плашам, сите со маски носиме, дури  и за дома. Се дезинфицирам дома, со алкохоле, со сапун течен. Се плашиме нормално, велат жителите од Тризла.

Се надеваат дека поради седумте заболени лица, болеста нема масовно да се прошири во нивната населба.

Во Тризла живеат околу 8000 илјади Роми, голем дел од нив во супстандардни услови. Но, велат колку што можат ги почитуваат препораките на здравствените власти за заштита од коронавирусот.

Седумте позитвни слуачи во Тризла се регистрирани на 1 мај, а епидемиолозите уверуваат дека состојбата е под контрола.

-Не би рекла  дека нешто драматично се случува во Тризла. Тоа се луѓе во работен однос, работата во различни фирми во градот. Ги следиме нивните контакти, се врши активен надзор, со секојдневно контролирање како и сите останати. Сите нивни контакти се изолирани, изјави Татјана Мургоска Станимирович, епидемиолог во ЦЈЗ-Прилеп.

Денеска во Прилеп се регистриани  4 нови случаи на КОВИД-19,  со што вкупниот број на заразени во овој град се искачи на 197. На инфективното одделение  има  21 заболен.  Досега во Прилеп има  12 смртни слуачи како последица на коронавирусот.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ