
Штипската чаршија пополека ги отвара вратите за муштериите
Штипската чаршија пополека ги отвара вратите за муштериите. Само едниот активен случај на заразен со коронавирус и олабавените мерки ги враќа во новата нормала. Александра Санева, која 25 години ги разубавува штипјанки и штипјани минатата недела го отвори фризерско- козметичкиот салон. Се работи со визери, а меѓу муштериите има дистанца од два метра..
На стотина метри од неа угостителите работат шалтерски, а деновиве чекаат зелено светло и тие да ги стават во погон своите отворени делови од објектите. Сметаат дека секое одложување значи и намалување на бројот на кафулињата низ чаршијата.
Загуби реди целото мало стопанство, доправа ќе се прават математиките. Санева смета дека државната помош за платите на вработените ќе им помогнат да преживеат, а годинава најголемиот приход ќе го немаат од матурските и свадбите. Додека пак дел од угостителите не аплицирале за државна помош.
Досега само 43 отсто од компаниите побарале помош од државата за исплата на минимална плата. Но, малите фирми, кои се семејни бзиниси засега најмногу трпи од пандемијата, за нив деновиве почна новото нормални работење, каде социјалната дистанца и заштитната опрема е прв приоритет.
Викторија Јованова