ДИК одлучува колку дена се потребни за изборни дејствија

Во Државната изборна комисија во тек е работен состанок на кој се допрецизира колку дена се потребни за завршување на изборните дејствија.

Ваков став завчера им побара претседателот Стево Пендаровски со молба мислењето да стигне за еден ден. И покрај тоа, вчера ДИК не го доставила. Членовите на Комисијата, кои се предложени од различни политички партии, имаат потешкотии во усогласувањето на ставовите. Претседателот на Комисијата Оливер Деркоски, избран по предлог на ВМРО ДПМНЕ,  потенцира дека Избирачкиот список треба да помине низ истата процедура на прочистување и дека таа процедура, заедно со иборната кампања, трае 45-50 дена. Наспроти тоа,  членот на Комисијата Борис Кондарко, избран по предлог на СДСМ, вели дека ДИК треба да го изработи Роковникот на изборни дејствија во согласност со изборниот ден што ќе го определат партиите.

Според уредбата на Владата од 22 март, со која изборните дејствија беа прекинати поради епидемијата, подготовките продолжуваат ден по завршувањето на вонредната состојба. Мислењето од ДИК беше побарано по лидерската средба кај претседателот Пендаровски, на која партиите не договорија датум за избори. Во почетокот на наредната недела, се очекува нова лидерска средба на истата тема.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ