Мицкоски: Треба да постојат елементарни услови за одржување на изборите

Првиот чекор во алгоритмот за одржување на изборите кој го предложивме е заштита на здравјето на граѓаните, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на Топ Тема на Телма.

Јас верувам и во Комисијата за заразни болести и капацитетот на техничката Влада и ако тие оценат дека здравјето на граѓаните не е загрозено и ако сите ние имаме можност да водиме предизборна и изборна кампања без да го загрозиме здравјето на граѓаните, тогаш јас навистина ќе чекам да слушнам каква ќе биде нивната оценка. И затоа рековме еве нека кажат тие луѓе дали постојат првин елементарни услови да имаме кампања која нема да ги загрози граѓаните. Нема да имаме кампања и предкампања во која што ќе ги броиме новозаболените, нема да бориме луше кои што ќе го загубат животот, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ продолжи дека вториот чекор е одржување на паралелен процес во ДИК и ОБСЕ/ОДХР. Државната изборна комисја треба да соопшти колку и е потребно за спроведување фер и кредибилен процес а владата да контактира со ОБСЕ/ОДХР за организирање на набљудувачката мисија.

Третиот чекор е утврдување на првиот датум кога е вожможно да имаме избори затоа што без овие три елементи нема зошто да дискутираме за избори, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Четвртиот чекор, според Мицкоски е изнаоѓање начин на повторно закажување на изборите, исто како кога претседателот Пендаровски заедно со правни експерти најдоа начин како да бидат одложени.

Доколку цената е и еден загубен живот јас одбивам да бидам дел од тој процес, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ