Четири позитивни на коронавирус во тетовската фирма Империјал НТТ

Четири позитивни случаи на заболени коронавирус се регистрирани во тетовската фирма Империјал НТТ.

Првиот случај е регистрина на 26 април, а вториот вработен три дена подоцна на 29 април.

Како што информира за Телма Иринка Сотирова Бухова, директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат вели дека првата пациентка е веќе излекувана, а на втората и се земени брисеви и се чека на резултатите. Со нив во контакт биле 15 лица, од кои 10 вработени од пет семејства. На осми овој мецес има уште двајца позитивни вработени во Империјал НТТ. Тие имале 14 контакти, со 12 од вработените од две семејства.

Фабриката ќе продолжи со работа по предходно направена реорганизација. Од фабриката за Телма останаа недостапни за коментар.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ