
Започна скринингот на вработените во скопските градинки, кои може да бидат отворени во јуни
Започна скринингот на вработените во скопските градинки. Прва на ред е градинката „Мајски цвет“ во Карпош, во чии два објекти утрово се земаат брисеви од околу стотина вработени.
Ова следи како мерка на претпазливост пред повторното отворање на градинките што би можело да се случи на почетокот на јуни. Околу две илјади вработени во градинките ширум државата ќе бидат тестирани на Корона.
Брисевите од скопските градинки ќе бидат однесени во МАНУ, а тестовите на вработените од градинките во другите градови ќе бидат правени во Институтот за јавно здравје во Скопје.