
Хакнати мејлови – двете министерства велат дека е стара дата база , списоците на веб страните говорат друго
80 мејлови и лозинки на вработени од министерство за економија и министерство за финансии се најдоа на тацна на Твитер. Хакерската група „Силна грчка армија“ пред три дена се пофали дека упаднале во две македонски министертва, тие пак дека имаат непосакуван гостин во системот забележале вчера.
На Твитер објавата има закачаено и документ кој секој може да го симне и да ги види мејл адресите и лозинките. Но , системот на македонските министерства не дозволува вработените да влезат во своите мејлови од друг компјутер или телефон , освен од оној кој го имаат во своите канцеларии, велат извори за Телма . Министерот Бектеши , вели дека тоа се мејлови на луѓе кои не работата кај него повеќе од 7 години.
Меѓутоа во хакираната дата база , сепак има имиња на актуелни вработени. На веб страницата на министерството за економија пред 5 месеци е објавен апдејтиран список на вработени. Имиња и меилови од нивниот список се софпаѓаат со оние објавени од хакерите. Па така на листата вработени кај Крешник Бектеши , со хакнат мејл и лозинка има административци од сектор за индустриска политика, финанскиски прашања , човечки ресурси.
И од другото хакирано министерство со сличен одговор дека мејловите се на луѓе кои сега работат на друго место, а дека дел од нив веќе се пензионирани. Од кабинетот на министерката Ангеловска ни кажаа и дека безбедносниот систем кој сега го користат е на високо ниво.
Ама документот на нивната страница вели дека дел од хакираните раководители на сектори, лектори, референти и останати службеници можеби се уште работат кај Ангеловска, а на тоа прашања кога последна пат им е е сменета листата на вработени не добивме конкретен одговор, бидејќи таму се уште стои името на еден од советниците на екс министерот Драган Тевдовски , кој беше разрешен пред нецела година.
Настанот го пријавиле во сајбер – криминал во МВР велат од кабинетот на министерката.
Од МВР пак велат дека во телефонски разговор со надлежните од финансии увиделе дека станува збор за стара дата база на податоци , но и дека пратила барање до Твитер да го повлече документот, до тогаш со 100 лајкови стои на профилот на „Силна грчка армија“.
Теодора Цветковска