
Нови 22 случаи на Ковид-19, оздравени 64 пациенти
22-ца новозаболени од КОВИД 19, се регистрирани во изминатото деноноќие, од направени 145 тестирања. Од новозаболените, во Скопје се 13, Прилеп двајца и Тетово 7. Оздравени се 64 пациенти на ниво на цела држава.
На клиниката за инфективни болести во Скопје вчера немало прием на нови пациенти, а хоспитализирани се 42-ца. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација двајца. Во градската болница * септември се примени 5 нови пациенти, и таму вкупно има 18, четворица се на респираторна машина, а други 4 се со потешка клиничка слика.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.