
Министерството за здравство: 20 нови случаи на ковид-19, оздравеле 24 лица
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-11, Куманово-10, Тетово-1, Велес-2.
Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1642, бројката на оздравени пациенти е 1136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415. По завршување на епидемиолошката анкета, еден од вчера регистрираните случаи во Куманово е жител на Кратово и согласно ова последната дистрибуција по градови е:
- Скопје – 550, активни 132
- Куманово – 408, активни 53
- Дебар – 51, активни 0
- Штип-35, активни 2
- Прилеп –176, активни 68
- Тетово – 110, активни 54
- Струга – 67, активни 16
- Велес – 107, активни 49
- Битола –23, активни 4
- Охрид –15, активни 9
- Кавадарци – 5, активни 1
- Гостивар –19, активни 5
- Гевгелија – 4, активни 0
- Струмица – 2, активни 0
- Крива Паланка- 6, активни 2
- Радовиш – 4, активни 0
- Крушево – 3, активни 0
- Кочани – 31, активни 5
- Пробиштип – 2, активни 0
- Кичево – 2, активни 1
- Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар – 1, активни 0
- Македонски Брод – 2, активни 0
- Пехчево- 3, активни 2
- Делчево-1, активни 1
- Валандово -1, активни 1
- Виница – 2, активни 0
- Кратово-2, активни 2
- Берово-1, активни 1
Направените 275 теста се преку: ИЈЗ –185, Ветеринарен ф-тет -15, Авицена –0, Биотек -32, Филип Втори (Жан Митрев) –2, Систина со PCR метода -24 и МАНУ -17. Досега во земјата се направени вкупно 19096 тестирања на ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација 3 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 16. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола нема хоспитализирани позитивни или сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Охрид сe хоспитализирани 54 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.