Димитров: Границите остануваат затворени, а за туризмот во регионот ќе се разговара наредната недела

Море и плажа или дома во карантин ? На ова прашање одговор засега нема ниту првиот човек на дипломатијата Никола Димитров, но открива дека веќе се зпаочнати разговори со соседна Грција на темата граници и туризам. Телефонските разговори од идната недела ќе прераснат во директни средби меѓу шефовите на дипломатиите од регионот, а Македонија самостојно не може да ги крева рампите за влез и излез на граѓните додека на сила се мерки и препораки против пандемијата категоричен е Димитров.

Посакува, но сеуште е невозможно патување надвор од земјата е ставот на техничкиот премиер Оливер Спасовски.

И двајцата функционери се повикуваат на стабилизирање на пандемијата, пад на бројот на заболени и постепено враќање во нормала.

Граѓаните пак ги чекаат следните чекори на Европската Унија како ќе го регулира транзитот на луѓе, иако и вчерашниот став е дека унијата останува пломбирана за влез до 15 јуни.

Оттаму сигналите се дека во првите предлози на европската комисија до националните влади ќе биде движење на граѓани од земја во земја која веќе прогласила победа врз болеста ковид-19.

Министрите за туризам на земјите членки на Европската унија договорија заедничка патна исправа што ќе важи за сите земји на Унијата и во која ќе има податоци за здравствениот и безбедносниот дел од протоколот при патување.

Забраната за влез во ЕУ се исклучени и медицински персонал, експерти потребни во сузбивањето на пандемијата на коронавирус, како и вработените во транспортната бранша и сезонските работници.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ