
Без маски и социјална дистанца – стотици верници на улиците во Струга дел од верска процесија
Голем број верници, повеќе стотици, среде пандемија и мерки за социјално дистанцирање, учествуваа денеска во традиционалата литија, верски обред во Струга.
Повеќе од нив не носеа ниту маски и воопшто не се почитуваше ниту препораченото дистанцирање меѓу луѓето.
Овој верски процес претходно бил најавен на официјалната интернет страница на Бигорскиот манастир, но со појаснување дека ќе учествуваат само свештени лица.
Според владината уредба за спречување на ширењето на Ковид-19, забрането е собирање повеќе од пет лица на едно место.