
Пациентите од истокот хемотерапија примаат во Скопје
Бунќерот за нуклерана медицина во штипската Клиничка болница, по шест години изградба се очекува конечно да се заврши во август. Министерството за здравство новиот договор за доизградба го потпишале во јануари, а чини 23 милиони денари. Градежните работи ги презема грчки Интеркат, која го гради и новиот објект на болницата, а интезивирање на работите на објектот се очекуваат по прекинот на вонредната состојба.
Камен темелникот на Бункерот за акцелераторот, кој е за зрачење на пациентите со карцином беше поставен во 2014, но уште на самиот старт тргна лошо па градежните работи стартуваа една година подоцна. Сега по шест години се чека неговото завршување. Но, пред да почне да им служи на пациентите ќе мора да помине време.
Пациентите болни од рак од истокот на зрачење се праќаат на Клиниката за онкологија во Скопје. Добра вест е дека што деновиве пациентите таблетарна и субкутана терапија ќе ја примаат во штипската болница, со што ќе ги заштити и ќе го намали ризикот за нив, бидејќи досега најмалку двајца оноколошки пациенти од регионот се разболеа од новиот корона вирус.
Викторија Јованова