Филипче: Македонија нема набавено брзи тестови за КОВИД 19

Македонија нема набавено серолошки тестови од кинеската компанија Биозек за јавното здравје, тврди за Телма, министерот за здравство Венко Филипче. Тој додава дека Институтот за јавно здравје бил снабдуван со PCR тестови за КОВИД 19. Имаме донација, кои се серолошки, но никогаш не сме набавиле.

Тој одговара на прашањето дали воопшто се користени овие брзи тестови од Кина кои биле препакувани во холандски и американски кутии. Скандалот го откри меѓународна мрежа на истражувачки новинари, меѓу кои е и македонската ИРЛ.

Според написот, кинески тестови произведени за брзо тестирање на крв за присуство на антитела на Ковид 19, поради дупки во еврпската легислатива се препакувале во холандска амбалажа и добиле статус на европски производ. Истите тестови се продавани дури и на државни институции покрај на приватните компании во десетици држави низ светот. На кинеските тестови спакувани во холандски или американски кутии паднале и Шпанија, Италија, Франција, Велика Британија, Индонезија, Русија и Ватикан, открива ОЦЦРП и ИРЛ во истражувањето Несигурни дијагнози. Особен проблем според истражувањето е неквалитетот на тестот кој може да излезе и како лажно негативен и да го залаже пациентот. Токму кумановскиот пациент Роџер Зекировски правел таков тест во Скопје, му излегол негативен, а по три дена почина од Ковид 19. Тој е спомнат во истражувањето,а по ова меѓународната истражувачка мрежа почнала со својата работа во која открива дека тестовите не се произведени во Холандија туку во фабрика Биотек во кинескиот град Хангзоу. Низ Европа и низ светот се продавале како холандски тестови со име Биозек. Продавачот од Холандија тврдел дека тестовите имаат над 90 проценти точност, иако праксата е поинаква, велат од ИРЛ.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ