Боки 13: Со Јанева зборувавме само за приватни работи

Повеќе од два часа обвинетиот во Рекет,  Боки 13 сведочеше одговарајќи на прашања на неговиот адвокат.

Јовановски рече дека обвинителката Катица Јанева ја запознал службено договрајќи интервју за телевизијта. Се зближиле приватно, дури зборувале за љубовни проблеми, но отфрли дека разогаварле за истрагите кои таа ги водела. Била резервирана за работата посочи Јовановски. Тој му понудил, а  нејзиниот син ја прифатил работата како правник во телевизијата 1ТВ.

Тој им се обрати на обвинителката Вилма Русковска и на Судот, посочувајќи дека штета е што не е дозволено вештачење на неговиот мобилен телефон, затоа, како што рече, нема ништо избришано од него.

Јовновнски некокупати беше опоменат од судијата да не излегува од предметот, приговараше и обвинителката во предметот Вилма Русковска, Јовановски да биде спречен да изнесува лични квалификации и обвинувања.

Тој предметот Рекет го опиша како спас на бизнисменот Јордан Камчев, успешна дискриминација на Катица јанева и СЈО, бидејќи и пречела и на власта и на опозицијата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ