Нагло расте бројот на заболени од коронавирус во Велес, едно починато лице

Девет нови случаи на заразени од коронавирус има во Велес, потврдуваат за Телма од кризниот штаб кој рано утрово имаше седница поради наглото зголемување на регистрирани случаи во градот. Сепак од таму смируваат.

Велат дека седуммина се роднини на веќе создадениот кластер на заболени вработени во една конфекција, а со тоа би требало кругот да е затворен. Меѓу заболените има и еден член на советот на општина Велес. Инаку од деветмината нозоваразени, двајца се пензионери кои според епидемиолошката анкета која им е направена никаде не излегувале во последните две недели освен до продавница и аптека и тие воопшто не знаат од каде би можеле да се заразат.

Велес денеска регистрира и еден смртен случај. Само во последните три денови во градот се регистрирани 18 случаи, а од почетокот на кризата вкупно 95 се заразија од корона вирусот.

Во меѓувреме, новозаболени од коронавирусот се 33 луѓе, од направени 332 тестирања, од нив во Скопје 11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ