
Ден Дончев поднесе оставка од директорската позиција во Фондот за здравство
Ден Дончев се повлекува од функцијата прв човек во Фондот за здравство. Тој за Телма ја потврди информацијата. Оставката која ја поднел поради здравствени и семејни причини, денеска е една од точките на дневен ред на владина седница. Се уште нема информација дали владата ја прифатила оставката.
Дончев вели дека оставката планирал да ја даде после изборите, но бидејќи тие не се одржаа на 12-ти април, а поминала и кризата со Ковид, сметал дека сега е соодветно време да го напушти директорското место во Фондот за здравствено осигурување.