Јанева го тужи Боки 13 за снимката од мобилен како брои пари

Екс-специјалната обвинителка Катица Јанева со приватна тужба го тужи Боки -13-ка за тоа што без нејзино знаење ја снимал и фотографирал.

Ова денеска беше обелоденето на рочиштето за случајот Рекет, кое продолжи во кривичниот суд со докази  на одбраната.

Според адвокатите на Јанева се работи за фотографијата која беше изведена претходно како доказ а на која се гледа како таа седи на тросед, а пред неа има купче од 50 илјади евра.

Тужбата е поднесена уште во март, односно по изведувањето на доказот пред судот, а адвокатите велат дека на овој начин ќе го дискредитираат доказот со кој обвинителката Вилма Русковска се обидува да докаже дека Јанева земала рекет.

Јанева денеска тргна во сопствена одбрана и со банкарската сметка на татко и докажуваше дека тој сам си го платил лечењето во болницата Систина.

За последен доказ ги остави одлуките поврзани со пасошот на Орце Камчев. Јанева денеска  ја презентираше банкарската сметка од нејзиниот татко, како доказ дека сам го платил лекувањето во Систина.

Меѓу последните докази Јанева ги приложи и одлуките за пасошот на Орце Камчев.

Адвокатите беа незадоволни бидејќи судијката Васка Николовска-Масевска не им ја прифати долгата листа на сведоци и докзи, а изостана и вештачењето на мобилниот телефон, доказ кој треба да расчисти многу дилеми.

И снимката која протече на интернет и на која се слуша како Камчев го озборува Зоран Милески- Кичеец нема да се рагледува како доказ.

Милевски заработи обвинение дека посредувал средби меѓу Камчеви и  Боки 13, призна и доби 3 години затворска казна.

Беше најавен како сведок, па симнат од листата од обвинителката Вилма Русковска.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ