
95 проценти од угостителите не се задоволни од државната помош од 14.500 денари за исплата на плати
59 проценти од угостителите се подготвени да работат со половина од расположливите капацитети, покажува истражувањето кое го спровела Туристичко угостителска комора. Дури 95 проценти од угостителите не се задоволни од владината поддршка од 14.500 денари за исплата на плати, а 70 проценти од нив очекуваат дополнителна финансиска поддршка од страна на Владата по започнување со работа. Истражувањето ја отсликува реалната состојба со секторот угостителство, за која угостителите алармираат уште од стартот на пандемијата, велат од Комората и бараат засилување на дијалогот со институциите.