
Oдблежани 117 години од смртта на македонскиот револуционер и иделог Гоце Делчев
Со положување на цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје денеска беа одблежани 117 години од смртта на македонскиот револуционер и иделог за независна македонска држава. Гоце Делчев кој е убиен на денешен ден во 1903 година кај селото Баница како водач на македонското револуционерно национално-ослободително движење и еден од најголемите национални херои на Македонија, еден век потоа претставува камен на сопнување во дносите со Бугарија.
Софија која исто го слави Делчев како нејзин национален херој, тврди дека Делчев бил Бугарин кој се борел за ослободување на Бугарите на територијата на тогашна Македонија, што е неприфатливо за македонската страна. Инсистирањето на Софија дека Делчев е Бугарин пред речиси една година ја закочи и работата на мешовитата Комисија за историски прашања, додека бугарските официјални претставници го условуваат македонското евроинтегрирање со затворање на ова прашање.
Денеска и во двете земји му се оддаваше почит на македонскиот револуционер.