
Денеска четворица новозаболени во Тетово- потребна е поголема претпазливост
Денешната бројка од 4 новозаболени лица со Ковид-19 во Тетово бара поголема претпазливост, за да не дојде ситуација кога ќе се бараат подрастични мерки, вели градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, по состанокот на општинскио Кризен штаб.
Според неа, треба да има олабавување на некои мерки, а мерката за забрана за организиран јавен превоз ќе се укине само ако се намалува бројот на нови случаи.