Земјоделците не можат да ги користат ИПАРД парите заради општинските ДУП-ови

Многу препреки на патот на земјоделците за користење на европските пари. Една од главните кочници поради која не можат да аплицираат за ИПАРД 2 програмата е што општините немаат детални урбанистички планови, без што не можат да извадат дозволи за градба да ги легализираат своите фарми, покажало последното истражување на Националната федерација на фармери. Денеска во Собранието сите засегнати побараа од општините да го забрзаат носењето на ДУП-овите, најдоцна до крајот на годинава, а документите кои вклучуваат градежни активности и барања за легализација, да имаат приоритет. Проблем се и нерешените имотно правни односи, незавршените оставински постапки, недоволниот пристап до почетен капитал.

„Собирањето на обемната техничка документација за комплетирање на апликацијата е еден од најголемите проблеми. Некои од бараните документи кои навистина создаваат тешкотии е доказот за сосптвеничка структура од понудувачите од странски држави, документи за потекло на инвестициите, разни сертификати и решенија. Често се бараат повеќе документи за иста работа, на пример договор за закуп на земјоделско земјхиште и имотен лист“, вели Билјана Петровска од Федерација на Фармери.

Се бара постапките за набавка на потребните документи да се поедностават, а дел од нив да ги обезбедува Платежната агенција по службена должност. Како една од препреките земјоделците го истакнале и долгиот и неизвесен период од доставување на проектите до нивно одобрување.

Не можеме да бидеме задоволни од користењето на ИПАРД 1 парите, вели директорот на Платежната Агенција, Бабовски. Од над 3 илјади барања, исплатени се само околу илјада договори, или 16 милиони евра. Утврдените слабости треба да помогнат да не се повторат грешките за втората програма, ИПАРД 2, со која се ставени на располагање 80 милиони евра, и за која има голем интерес.

„Само на првиот јавен повик за програмата ИПАРД 2 има 1.649 барања, односно за над 73 милиони евра за кофинансирање, а се до 2023 треба да исплатиме вкупно 80 милиони евра, од кои 60 милиони од еу и 20 милиони национално кфинансирање“, рече Бабовски.

ИПАРД е дел од заедничката аграрана политика на ЕУ чија цел е идните земји членки да ги подготви за искористување на европските структурни фондови, но и да поттикне структурни промени во нивните земјоделства.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ