Се чека крајот на пандемијата за да започен реконструкцијата на Инфективно одделение во Штип

Пандемијата ја спречи реконструкција на штипското Инфективно одделение со европски пари. Откако ќе се стиши ширењето на коронавирусот ќе почне користењето на 200 илјади евра од Програмата за меѓугранична соработка со Бугарија. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека општистички е реконструкцијата на единственото вакво одделение на истокот да почне најрано во текот на летните месеци.

Реконструкцијата ќе се одвива во етапи, ова е само прва фаза на реконструкција на овој објект, кој и по отварањето на новиот објект на Клиничка болница Штип ќе функционира одвоено.

Проектов со градежните работи, но и со работилниците и прес-конференциите со бугарскиот партнер треба да се реализираат до наредната година. Изминативе два месеци пред Инфективното одделение е раздвижено.

Лекари, но и медицинскиот персонал кои носат пациенти од целиот источен регион за земање на брисеви се со комплетна заштитна опрема. Со активирањето на лабаротијата на МАНУ резултатите за сомнителните случаи се добиваат веднаш, истиот ден.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ