За 50% намален криминалот во во тетовско-гостиварскиот регион

Пандемијата со коронавирусот го намали криминалот во тетовско-гостиварскиот регион. Од донесување на одлуките за ограничено движење на граѓаните, на подрачјето кое го покрива СВР Тетово, не сметајќи го кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ вкупниот криминалитет бележи намалување за повеќе од 50 проценти.

Споредено со првите два месеца од годината намалување за повеќе од 40 % регистрано е и во областа на јавниот ред и мир и сообраќајните несреќи.

Во Полог СВР Тетово поднел вкупно 163 кривични пријави против 203 лица, до 27 април, кои не го почитувале полицискиот час или на најразлични начини го прекршиле ограничувањето на движењето.

Даниела Билбиловска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ