ССНМ : Слободата на изразување страда поради вонредната состојба

Кривичните пријави за новинари, за наводен говор на омраза на социјалните мрежи кон партиски лидери и отпуштањата од работа во одредени портали кои поминаа речиси незабележано, ја доловуваат суспендираната слобода на говор, во актулната вонредна состојба, воведена поради Корона кризата, , вели претседателот на ССНМ, во пресрет на 3 Мај- Светскиот ден на слободата на печатот.

  • Први што остаа без работа беа неколку новинари од овдешните портали. Сето тоа поминува некако, велам, под радарот, без некој поголем интерес. Бидејќи поважните теми и проблеми ги поклопуваат – Ѕвездан Георгиевски-претседател на ССНМ.

А, лажните вести околу ширењето и превенцијата од корона вирусот, од некои медиуми, се објавуваат првенствено за поголем публицитет и профит, во духот на неолибералниот капитализам, смета Георгиевски.

  • Многу од лажните вести не се пуштени со намера да се лаже јавноста, туку се пуштени само да се предизвика некаков интерес , врз база на кој, потоа ќе се добие некоја реклама или некакво позиционирање во медиумскиот простор – Ѕвездан Георгиевски-претседател на ССНМ.

Слободното и квалитетно новинарство е предност на демократијата во ова време на пандемија, вели комесарот за човекови права при Советот на Европа, во пораката за Светскиот ден на слободата на печатот.

  • Пандемијата со Ковид- 19 не потсетува на суштинската улога што ја играат новинарите и медиумските професионалци во обезбедувањето на доверливи информации, борбата против дезинформациите што можат да предизвикаат паника, барајќи носителите на одлуки да бидат одговорни пред граѓаните – Дуња Мијатовиќ- Комесар за човекови права при Совет на Европа.

Во име на принципите на демократијата, Мијатовиќ апелира на посилна заложба за обезбедување независност и  економска и социјална безбедност на новинарите и медиумските работници.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ