
До кога градинките ќе бидат под клуч?
Градинките остануваат под клуч. До кога? Одговор се` уште нема.
На родителите им гори под нозе, а Владата се уште чека насоки од Комисијата за заразни болести.
Притисокот се зголемува, бидејќи дел од родителите мора да се вратат на работа, а бабите и дедовците не можат да ги чуваат децата.
Два клучни фактори ги спречуваат денот да го поминат со внуците. Прво заради здраствениот ризик на кој би се изложиле, второ заради ограничувањето на движењето во услови на пандемијата со Ковид 19.
Жената што досега го чуваше мојот син, како и моите родители имаат по 70 години, и заради полицискиот час, во овој период не можат да ни помогнат. Сопругот мора да се врати на работа, а јас не сум во можност да ја искористам владината мерка за оправдано платено отсуство.
Не можеме да се потпираме на помошта од повозрасните, за нив важат построги мерки, а јас и сопругата немаме опција да отсуствуваме од работа. Принудени сме да им го довериме на соседите чувеањето на нашето дете додека ние сме на работа.
Од надлежното министертсво за труд смируваат. Велат, одлука ќе има -децата нема да се остават незгрижени. Не ја исклучуваат опцијата да продолжи мерката за оправдано платено отсутво од работа на едниот родител.
Опцијата за продолжување на актуелната мерка не е добредојдена за бизнисот.
Доколку се пролонгира до септември, фирмите нема да го издржат притисокот, со оглед на фактот што само 7 отсто од нив не пријавиле проблеми, а голем е бројот на оние што бележат пад на приходите до 50 отсто.
И додека се чека официјалната владина одлука, Организацијата на работадавачи излезе со свој предлог.
Можеби во овој приод додека трае субвенцијата од 14, 500 денари, за исплата на платите дел од тие тошоци покриваат, но ако продолжи кризата со вирусот, најнеопходно е овие трошоци да влезат како еден вид надомест за неработење на работникот по основ на нега на дете до 10 години, согласно законот за здравствено осигурување и да паднат на товар на ФЗОМ, вели Ангел Димитров.
Објектите се под клуч се од 11 ти март, со што незгрижени останаа 30.000 деца во државата кои редовно оделе во градинка.
Оттогаш на сила е владината мерка, еден од родителите на дете до 10 годишна возраст да биде на оправдано, платено отсуство од работа.
До фирмата треба да достави само потврда од градинката, под услов детето редовно да ја посетувало.
Весна Јовановска Дојчиновска