Никој не треба да биде привилегиран му порача директорката на здравствнеиот инспекторат на Димитриевски

Никој не треба да биде привилегиран му порача директорката на здравствнеиот инспекторат на градоначалникот на Куманово. На Димитриевски кој самозиницијативно го напуштил домот со возило на брзата помош и се тестирал на приватна клиника во скопје му оговори на обвинувањата,  дека тестирањето се прави по 14 ден од самоизолацијата и тоа во лабораторијата на Институот за јавно здрваје. Сотирова Бухова истакна дека од крајот на март до крајот на април речиси 1000 граѓани  поитвини на корона вирусот добиле решенија за домашна самоизолација .

-Се поставува дилема што би се лсучило кога сите 994 позитивни на ковид со лесна клиничка слика или асимптоматски, изолирани дома со решение од ДСЗИ, што би се случило и на која опасност би биле изложено цело населени кога самоизинцијативно  994 би излегле и би тргнале по патека вон алгоритмот и вон протоколот.  Следно важно прашање  е зошто некој би бил привилегиран да може да го криши лгоритмот да се тестира повеќе пати вон протоколот, а некој да ги почитува сите праивла и да седи 14 дена во самоизолација? изјави Сотирова Бухова.

Пријавувањето на 192 не е доволно, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски како позитивните на Ковид 19 и со решение за изолација, смеел да го напушти домот доколку тоа е направено во координација со матичен доктор епидемиолог или специјалист инфектолог од општа болница куманово рече Бухова .На барањето на Димитриевски и локалниот кризен штаб  во Куманово да го до добијат извештајот од надзорот таа им одговори дека записниците се доставени таму каде што се вршени надзорите, во неколку јавни здравствени установи. Во општини не вршиме надзор ниту имаме законска должност да им доставиме запсиниците.  Директорката на здравствениот инспекторат рече дека за сите недоследности и прекршувања ќе следуваат прекршочни пријави но не откри дали и за вработени во здравствените установи во Куманово што ги инспекторирале, Општата болница, Центарот за јавно здравје и Итната помош.

Кумановскиот градоначлалник поради ова од пред два дена се соочува и со кривична пријава од мвр за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Вечра порача дека постапката ќе покаже дека нема основ за кривично дело.Институционалната хајка која се води против мене и членовите на штабот изминатите денови за мене до овoj момент е неразбирлива одговри Димитриевски на совјот ФБ профил  додавајки дека не сака да помисли дека некој си поигрува со здравјето сограѓаните, води политика и креира црни сценарија за елиминација на неистомисленици.

Извештајот на инспекторатот го нарече монтиран случај и уверуваше дека ги почитувал безбедносните пртоколи, пријава до матичен лекар, епидемиолог, пријаве 192, транспорт со возило на брза помош, под соодветна заштитна опрема.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ