Димитриевски: Изјавата на портпаролот на СДСМ е избрзана и несреќна

Од 1995г. се водам по начелата на мојата партија за демократија, еднаквост, отчетност, одговорност… и во тој дух ја извршувам функцијата градоначалник на најголемата општина во државата и ќе продолжам така, напиша на Фејсбук градоначалникот на Куманово кој изразува разочаран од изјавата на портпаролот на СДСМ и ја сметам за избрзана и несреќна.

Димитриевски заработи кривична пријава поради прекршување на маедицинските протоколи во период кога владин тим ја посети општината.. одлуката за кривична против него тој предходно ја оцени како злоупотреба на инструментите на власта го спомена и зборот режим, против кој се борел во минатото и стравува дека се повторува а вчера СДСМ се огради од ваквата негова изјава.

Сега Димитриевски предлага дебата да се води внатре во партијата, дека за него е неразбирлива, како што пишува на фб Институционалната хајка која се води против него и членовите на штабот изминатите денови. Tој уште еднаш ја повикувам директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Министерот за здравство да му го достават извештајот на увид бидејќи тоа не е таен документ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ