Две починати лица и 21 новозаболен од Ковид 19

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина  пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на ковид-19 пристигнал вчера.

Оздравени се 38 луѓе. Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1. Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација 3 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се примени 8 нови, а вкупно хоспитализирани 35. Со потешка клиничка слика се 5,а на респиратор вкупно 6 пациенти. Во болницата во Битола се лекуваат 5, а на домашно лекување се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а уште 6 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на ковид-19.

Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче, денеска нема да одржи прес-конференција, но Службата за односи со јавност е отворена за сите новинарски прашања, кои истите ќе бидат одговорени во најкраток можен рок.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ