
Изгоре поранешната касарна во Струмица, возач прегази дете, и избегал
Повеќе од шест часа траеше гасењето на пожарот во најголемиот објект од поранешната струмичка касарна. Огнот што тргна вчера пред 17.00 часот ја уништи кровната конструкција на зградата. Оваа е втора објект во кругот на поранешната струмичка касарна што се опожарува за еден месец. Кон крајот на март, во зградата на поранешен Инкубатор, во пожар целосно изгоре регионалната телевизија ВИС, една конфекција, а големи штети претрпе и печатницата во приземјето. Извештајот за пожарот не е готов но сомнежите се дека причина е стара инсталација.
Вчера попладне, само еден час по опожарувањето на зградата во касарната, во соседната улица автомобил прегази четиригодишно дете. Возачот избегал од местото на несреќата, а детето со тешки телесни повреди е пренесено на клиниките во Скопје.
Ова е местото каде што е прегазено четиригодишното дете. На само педесетина метри од СВР Струмица. Од струмичката полиција се очекува во текот на денот да излезат со првични информации за двата настани.
Сузана Мицева