Двете момчиња пред суд признаа вина и каење за наилството, спремни се и да ја обештетат девојката

Двете момчиња денеска пред судијата во штипскиот Основен суд признаа и вина и каење за наилството кое го сторија врз 21 годишната девојка во влез на станбена зграда. Нивниот бранител Валентин Зафиров вели дека се спремни и да ја обештетат девојката.

Адвокатот на 23 и 26 годишните момчиња очекува фер пресуда и судијата да ја донесе одлуката во рамките на она што се случувало во судницата. Но, бранителката на жртвата очекува строга казна.

Андонова вели дека девојката е во лоша состојба, а со неа работи тимот на невладината ЕХО, инаку пресудата во штипскиот Основен суд ќе биде објавена во четврток. Настанов се случил во јануари, а видеснимките беа објавени на 2 април, по што полицијата веднаш ги лоцираше сторителите. Во два наврати им е изрекувана мерка притвор, а казната затвор за сторено кривично дело „ насилство“ се движи од шест месеци до пет години.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ