Бранителите ќе бараат ревизија за случувањата по конфликтот  во 2001

Бранителите ќе бараат ревизија за случувањата по конфликтот  во 2001 година за начинот на кој одредени учесници се стекнале со пензии, обештетувања и други бенефиции.  Ова денеска на 19 годишнината од масакрот кај Вејце го најави Сашо Гилевски, учесник во конфликтот. Привилегии имаат луѓе кои никогашне го помирисале барутот рече  Гилевски  

-Конечно да се донесе еден закон за оние кои носат униформа, кои носта во мисии, кои си ги обавуваат своите работни задачи во униформа. Со тој закон треба да се знае точно колку добива семејството за загинат бранител. Не може да загинат бранител во 2001 година, неговиот живот да чини 1 милион денари, а животото на загинат бранител во Диво насеље 5 милиони денари, рече Гилевски

Дел од семејствата на бранителите што загинаа во 2001 година се уште се необештетени, а  судовите имаа различни аршини при  носењето на одлуките, рече Гилевски.

-Во Битола не е обештетено семејството на  бранителот  Божиновски, од кои причини,  не знам. Тогаш различни судови носеа рзлични судски решенија. Тие ја бараа правдата во скопскиот суд, за разлика од другите три фамилии кои ја бараа правдата во битослкиот суд. До дене  таа фамилја на Божиновски не е обештетена, рече Гилевски. 

По повод 19 годишнинаа од масакрот кај Вејце, каде загинаа 8 мина припадници на безбедносните сили, од кои четворица битолчани, делегации на МВР, локалната власт, припадници на АРМ и полицијата, семејствата на загинатите бранители положија цвеќе и се поклонија пред споменикот „Ангел“  во Битола и пред спомен обележјот пред зградта на полицијата.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ