
Кумановскиот кризен штаб загрижен по инспекцискиот наод
Загриженост поради состојбата со инспекцискиот наод и барање да им се достави наодот, барање од брза истрага за случајот и порака до министерството за здравство да преземе мерки за подобрување на состојбата во кумановската болница, ова се дел од заклучоците на кумановскиот кризен штаб кој одржал виртуелна средба синоќа.
Oд штабот велат дека се загрижени поради новонастанатата состојба со вонредниот инспекциски надзор на ДЗСИ во однос на командантот и придружениот член на штабот за наводно прекршување на процедури и бара записникот и извештајот од постапка да му биде доставен на увид. На тој начин штабот смета дека се фрла сомнеж на се што е досега сработено, а повтори дека општинскиот штаб во Куманово од почетокот на епидемијата постојано „укажува на недостатоци на акти и дефинирани процедури кои треба да ги донесе владата, министерството за здравство и комисијата за заразни болести со кои прецизно се регулираат процедурите во услови на епидемија“.
Кризниот штаб ги пофали и им се заблагодари на сите медицински работници во кумановската болница, а упатуваат „јасна порака до Министерството за здравство во наредниот период, целосно да се посвети на подобрување на сите слабости во поставениот систем, кој очигледно не функционира беспрекорно.
Командант на штабот е градоначалникот Максим Димитриевски, а придружниот член е регионалниот претставник на ЦУК Горан Стојановски кои се дел од зраразените со КОВИД 19 во кумановскиот кризен штаб кој оствари и средба со владиниот тим на чело со премиерот Оливер Спасовски. Двајцата тврдат дека не се заразени и се повикуваат на нови резултати добиени со тестирање на приватна сметка, а од инспекторатот утврдија дека постапката за нивно неколкукартно тестирање е исполнето со пропусти и прекршоци.