Владата одлучува за тридневен првомајски карантин

Владата попладнево ќе одлучува дали граѓаните ќе ги поминат првомајските празници во тридневен карантин, по препораките на комисијата за заразни болести која предложи полицискиот час во земјата за 1 мај да трае од 19 часот в четврток до пет часот в понеделник, сличен на оној на велигденските празници.

Во однос на ставот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, за престојниот празник да нема ограничување како за велигден, министерот за здравство Венко Филипче посочи дека одуката ќе ја донесат стручните лица од комисијата на заразни болести, врз база на епидемиолошки и медицински сознанија.

Чулев, на својот официјален фејсбук профил објави дека до координативниот кризен штаб во владата предложил за претстојниот продолжен викенд за 1 мај да нема продолжен полициски час, како што беше за велигденските празници, туку тоа да биде како изминатиот викенд – од сабота од 15 часот до 5 часот наутро во понеделник.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ