Се стопи асфалтот во Центар, наместо 9 см на лице место останале 3 сантими по реновирање на улицата 9-ти мај во Скопје

Улицата 9-ти мај која се наоѓа во центарот на Скопје повторно се реновира, но утврдено е дека по реновирањето од пред 11 години, останал асфалтен слој трипати помал од предвидените 9 сантиметри.

За ова информираше градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, кој соопшти дека општината ќе отвори постапка за вештачење за пропустите и недостатоците.

-Според проектот за реконструкција изготвен во 2007-ма, дебелината на слојот требала да биде 9 см, додека на терен фактичката состојба укажува на трикратно намалување, односно изведена е со дебелина на асфалт од само 3 см.  Реконструкцијата е изведена и завршена во 2009-та година, информираше Богдановиќ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ